(This is the Book of Proverbs, with comments / a study Bible of the Book of Proverbs)
Ова издание презентира нов, динамичен превод на македонски јазик на книгата Поговорки и книгата Проповедник, кои се составен дел на канонот на Светотот Писмо (Библијата). Овие две книги вообичаено се вбројувааат меѓу книгите на мудростите. Книгата „Поговорки“ може да се смета за поезија. Како и кај Псалмите, така и овде, преовладува паралелизмот како специфичен стил на библиската хебрејска поезија. Следните видови на пралелизам се застапени во оваа книга:
(а) Синонимен паралелизам:
„Послушај ги, чедо мое, советите на татка си,
и не заборавај ги поуките на мајка си“ - По. 1:8
(б) Противположен (антитетичен) паралелизам:
„Куќата на безбожникот ГОСПОД ја проколнува,
а домот на справедливиот го благословува“ - По. 3:33
(в) Синтетичен паралелизам:
„Кого ГОСПОД го сака, него го кара,
како и таткото - синот што го љуби“ - По. 3:12
(г) Симболичен паралелизам:
„Убава, а непристојна жена е како
златна алка во рилка на свиња!“ - По. 11:22
(Во овој вид на паралелизам, втората реченица служи како илустрација за првата - иако што во изворниот јазик конструкцијата е обратна: прва е реченицата за илустрација.)
Покрај паралелизмот, присутни се и други книжевни стилови, како што се персонификацијата (9-та глава), акростихот (азбучна поезија) во глава 31, реторичките прашања (на пр. 6:27), нумеричките изреки во кои е застапен системот x, x+1, (видете ги белешките на стр. 201): тие се наоѓаат во 30-та глава. Пр.:
„Три, односно четири работи ми се чудесни
и за умот недостижни“ - По. 30:18
Секој читател во прв ред треба да се бара себеси во овие поговорки, а потоа во нив да ги препознава своите ближни. Во нив еднакво се осудува горделивоста како и неискреноста, озборувањето како и омразата, мрзливоста како и експлоатацијата. Тие повикуваат на свет живот не само кога одиме во црква, туку и кога сме дома, на работа, на пазар...
ISBN: 9989669017
Радосна Вест Библии (Radosna Vest Biblii / Good News Bibles)
List Price: $18.99
Our Price: $12.99
You Save:
$6.00(32%)
+ Free Shipping w/ $45 min. purchase
Category: Foreign
Format: Book (Paperback) (280)
Publisher: Радосна Вест Библии (Radosna Vest Biblii / Good News Bibles)
Date Published: Jan 01, 1996
Language: Macedonian
SKU: LT-2205
Dimensions: x x (in)