(This is the Book of Psalms from the Bible, with some limited commentary)
Псалмите се дел од Библиската поезија. Псалмите се мелем за душата, песна за устата, мудрост за срцето. Покрај историските и пророчите книги, третиот конститутивен дел на Библијата го сочинуваат поетските книги, во кои најчесто ги вбројуваме: Псалмите, Поговорките (Изреките, Соломониви), Книгата на Проповедникот и Песните Соломонови (Песни над песните).
Карактеристично за Библиската поезија е тоа што таа се темели на акцентниот систем, а не на римувањето или на метриката, што е најчест случај кај други јазици. Друга карактеристика на Библиската поезија е паралелизмот. Овој израз означува поетски стил во кој една мисла или фраза се поткрепува уште со една соодветна мисла или фраза, којашто содржи приближно исто број слогови, или барем иста идеја. Примери:
Синонимен паралелизам
„Господова е Земјата и се што ја исполнува,
светот и се што го населува“ - Псалма 24:1
Противположен (антитетичен) паралелизам
„Зашто, Господ бдее над патот на праведниците,
а патото на грешниците - во пропаст ќе ги одведе!“ - Псалма 1:6
Конструктивен (синтетичен) паралелизам
„Подобро е да ручаш зеленчук каде што те сакаат,
отколку згоено теле таму каде што те мразат“ - Поговорки 15:17
Кулминиционен паралелизам
„Признајте Му ја на ГОСПОДА, еј, силници,
признајте Му ја на ГОСПОДА славата и моќта!“ - Псалма 29:1
(Забележувате дека првата реченица е недовршена, а втората започнува со дел од првата и потоа ја довршува мислата)
Инаку, покрај наведените специфичности, во Библиската поезија се присутни речиси сите други литературни форми вообичаени за поезијата: созвучието (асонансата), метафората, анафората, алитерацијата, акростихот (најизразен во Псалм 119) и други.
Радосна Вест Библии (Radosna Vest Biblii / Good News Bibles)
List Price: $18.99
Our Price: $12.99
You Save:
$6.00(32%)
+ Free Shipping w/ $45 min. purchase
Category: Foreign
Format: Book (Paperback) (301)
Publisher: Радосна Вест Библии (Radosna Vest Biblii / Good News Bibles)
Date Published: Jan 01, 1994
Language: Macedonian
ISBN: 9789989669002
SKU: LT-2206
Dimensions: 4.75 x 7.00 x 0.25 (in)
Weight: 5.00 oz